Ѓукановиќ сè уште не знае дали ќе се кандидира на претседателските избори во Црна Гора
Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ изјави дека сè уште не донел одлука дали ќе се кандидира на претседателските избори на 19 март.
Ѓукановиќ во интервју за Дојче Веле рече дека одлуката ќе ја соопшти во следните неколку дена.
- Во политичкиот живот на Црна Гора сум 30 години. Претпоставувам дека некој што ја работи истата работа три децении има право да се чувствува уморен и има право да расудува дека можеби би било подобро за општеството да има нов кандидат, изјави Ѓукановиќ во Минхен, каде што учествуваше на Конференцијата за безбедност.
На прашањето што би ги советувал Белград и Приштина за продолжување на дијалогот, Ѓукановиќ рече дека нема друг пат до договор.
- Сите други идеи, како одржување на замрзнат конфликт, всушност се функција на доктрината на уништување кон Европа и кон Западен Балкан како европски регион, смета Ѓукановиќ.
Тој нагласи дека Црна Гора 100 проценти ја усогласила својата политика кон Русија со Брисел и дека вовела санкции.
- Црна Гора не е непријател на Русија, Црна Гора е непријател на агресијата. Црна Гора е непријател на уништувањето на меѓународното право. Црна Гора е непријател на сите идеи кои се обидуваат да го ограничат суверениот избор на иднината на независни држави, во овој случај Украина, рече Ѓукановиќ.
Ново на Сител
-
Израел ослободи 70 Палестинци, од предвидените 200
-
Со „паметни часовници“ до автоматски повик на 112 во ЦУК - надоградувањето на системот продолжува со напредокот на технологијата
-
Таткото на 15-годишникот што управувал со автомобил во кој е пронајдено оружје добил кривична
-
Украинските хакери го нападнаа рускиот мобилен оператор „МегаФон“
-
Украинската армија собори 46 руски дронови и две ракети
-
Се запали автобус на ЈСП во Сопиште
-
МФ: „Стандард и пурс“ ги потврдуваат напорите на Владата за забрзување на економскиот раст
-
Хамас ослободи четири припаднички на израелската армија