Ѓукановиќ по повод годишината од членство: Црна Гора останува доверлив партнер и сојузник во НАТО
Црна Гора останува сигурен сојузник и партнер и продолжува да ја потврдува својата посветеност на единството на НАТО, изјави црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ по повод годишнината на земјата од членството во Алијансата.
На денешен ден во 2017 година, Црна Гора официјално стана 29-та членка на НАТО, најмоќниот воено-политички сојуз во светот.
„Четврта годишнина од најголемото меѓународно достигнување на модерната црногорска држава – членство во НАТО“, напиша Ѓукановиќ на Твитер.
Тој рече дека Црна Гора останува доверлив сојузник и партнер и продолжува да ја реафирмира својата посветеност на единството на Алијансата, зајакнување на отпорноста и одбрана на заедничките вредности, продлабочување на соработката со оние кои го споделуваат нашиот евроатлантски пат и зачувување на меѓународниот поредок заснован на правила.
„Горди на постигнатото, одговорни за иднината“, посочи Ѓукановиќ.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ