Ѓукановиќ: Демонстрантите се обидоа да ги заземат државните институции
Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ во интервју за Хрватската радио телевизија (ХРТ) протестите на опозицискиот Демократски фронт во Подгорица ги оцени како обид за дестабилизација на земјата.
Тој за саботните немири во Подгорица, при што беа повредени 40 луѓе, ги обвини организаторите на протестот.
- Во еден момент, како што можевте да видите, тоа прерасна во отворено, брутално насилство, во обид за заземање на државните институции, значи имаше обид насилно да се урне власта поради промена на курсот на државната политика. Секако, полицијата мораше да одговори, а тоа е во согласност со Уставот и законот и полициските овластувања во такви ситуации. Тоа беше обид за загрозување на уставниот поредок на Црна Гора, со јасна амбиција да дојде до насилна смена на власта и ревизија на стратешкиот правец на државната политика на Црна Гора, посочи Ѓукановиќ.
Тој истакна дека Демократскиот фронт не само што сака промена на власта туку сака и суспензија на европскиот и евроатлантскиот пат на Црна Гора.
- Според мое длабоко уверување, сакаат да се поништат резултатите од демократскиот референдум од 2006 година, за да се елиминира можноста Црна Гора како независна држава сама да ја избира својата политика и секако да се врати во гравитациското поле на политика од соседството и од подалечни адреси, кои не само што сакаат да управуваат со Црна Гора туку и со регионот, наведе Ѓукановиќ
Тој додаде дека нема сомнеж дека Русија имала, и понатаму има, активна улога во антивладините протести.
Ново на Сител
-
УЈП: Извршени 696 контроли согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања во декември 2024
-
Зголемен бројот на странски туристи
-
ЕУ одвои уште 148 милиони евра за најранливите категории украински граѓани
-
Ѓоковиќ се изедначи со настапите на Федерер на Грен слем турнирите
-
Цените на нафтата го достигнаа највисокото ниво во последните четири месеци поради американските санкции за рускиот енергетски сектор
-
Постаро лице заглавено од снежни наноси во својот дом во Кочанско, ЦУК интервенира
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ молчи за Груби
-
Левица: Трошоците за живот двојно зголемени - власта без решение за инфлацијата