-->
-->
Ѓорѓија Сајкоски избран за нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-->
Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ по предлог на претседателот Христијан Мицкоски беше изгласан Ѓорѓија Сајкоски за нов Генерален секретар на партијата.
Ѓорѓија Сајкоски е роден во Кичево и е доктор на историски науки. Сајкоски е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ, пратеник во сегашниот состав на Собранието.
Инаку во минатото Сајкоски има извршувано повеќе функции и тоа претседател на Совет на Општина Кичево 2009-2013, заменик министер во министерство за локална самоуправа, директор на ЈП Студенчица.
Сајкоски има извршувано и повеќе партиски функции и тоа бил член на избирачки одбор номиниран од ВМРО-ДПМНЕ во сите изборни циклуси од 1998 до 2006 година
Катерина Нешкова
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Реал и Борусија ќе добијат по 25.000 влезници за финалето на Вембли
-
Албанија и Србија со кандидатура за заеднички домаќин на Европското првенство за млади во 2027
-
Ѓорческа ја елиминира првата носителка на фјучерсот во Трнава
-
Маж нападна жена во Париз и застрела двајца полицајци откако е приведен во полициска станица
-
Макрон и честита на Сиљановска Давкова: Се отвора нова страница кај нашите македонски пријатели
-
ЦУК: Паднато дрво на бул. „Александар Македонски“ во Автокоманда
-
Блинкен: САД се против принудно иселување на Палестинците од Газа
-
Течат роковите за приговори за изборите и инаугурација на новата претседателка