Ѓорѓиевски вети инфраструктура за добиточниот пазар

Кандидатот за градоначалник од Коалицијата „За Подобра Македонија" предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за Куманово Зоран Ѓорѓиевски и дел од кандидатите за советници денеска одржаа прес конференција, на која Ѓорѓиевски најави дека доколку ја добијат поддршката од граѓаните ќе извршат регулирање на добиточниот пазар во село Долно Коњаре, потсетувајќи дека овој проект тој го предложил уште пред четири години.
- Регулирањето на добиточниот пазар предвидува целокупна инфраструктура, потребна за еден таков објект со покривање на две третини од сточниот пазар, така што ќе се обезбеди похуман однос кон животните кои се продаваат на пазарот, бидејќи досега на пазарот нема ниту поилки, ниту пазарот е покриен, така што животните се продаваат во лоши услови, изјави Ѓорѓиевски.
Тој најави дека во програмата е предвидена и изградба на нов зелен пазар во населбата „Гоце Делчев“ во близина на училиштето „Кочо Рацин“, а вети и изградба на центар за откуп на земјоделски производи на големо, нагласувајќи дека ваков дистрибутивен центар е предложен и пред четири години.
- До негова реализација не дојде, сега сме сигурни дека со мојот избор како градоначалник и со избор на советничката листа ќе го реализираме и овој потребен проект за земјоделците од општина Куманово, нагласи Ѓорѓиевски.
Ново на Сител
-

Нафтата денес на светските пазари достигна највисока цена во последните пет месеци
-

Денеска се одбележува Денот на ОН
-

Приведен српски државјанин, управувал возило со брзина од 166км/ч на местот каде брзината е ограничена на 80км/ч
-

Приведен албански државјанин во прилепско, затекнат е како предизвикува пожар на отворено
-

Масовни протести во Франција - Затворени музеи и институции, распоредени 70.000 полицајци
-

УЈП проверува приливи од странство за 2021 година, испратени персонализирани известувања до граѓаните
-

Тројца возачи од Формула 1 добија казни за стартните позиции пред Големата награда на САД
-

Трамп вели дека САД може да извршат „уште една мала воена акција“ против Иран, потоа се справува со Куба
