Ѓорѓиевски: Реконструкција на градинка и изградба на нов објект по повод Светскиот ден на децата
Општина Кисела Вода започнува сo реализација на проект за проширување и реконструкција на дел од градинката “Пеперутка 1” во Драчево, објект во кој не е интервенирано околу половина век. Градоначалникот Ѓорѓиевски кој објави дека денес е распишан тендерот за избор на најповолен изведувач за овој проект, го честиташе денешниот 20 Ноември, Светскиот ден на децата и потенцираше дека најдобар начин тој да се одбележи е да се реализираат проекти кои значат унапредување на условите за најмладите. Додаде дека наскоро во дворот на објектот “Кокиче”, чиј капацитет неодамна беше проширен, започнува изградба на сосема нов дел, објект “Верверичка”, со што дополнително се зголемува бројот на слободни места во градинките. Наведе и дека Општина Кисела Вода во овие две години стави во функција две нови градинки, а реализираше и голем број на неинфраструктурни инвестиции, за кои се издвоија речиси 17 милиони денари.
-Сметам дека најдобар начин да се одбележи Светскиот ден на детето е преку реализација на проекти што ги унапредуваат условите за нашите најмлади жители, кои во Општина Кисела Вода секогаш имат приоритет. Оттука, сакам да го најавам отпочнувањето на проектот за проширување и реконструкција на дел од градинката “Пеперутка 1” во Драчево, конкретно делот на јаслите, каде 50-тина години не се извршени никакви реконструктивни зафати. Денес ги распишавме условите за избор на најповолен изведувач, по што ќе започнеме и со градежните зафати. Едновремено, во дворот на објектот “Кокиче”, чиј капацитет неодамна го проширивме за уште 90 дечиња, започнуваме со изградба на сосема нов објект “Верверичка”
Остварувањето на правото на предучилишно образование, за мене како градоначалник на Општина Кисела Вода, е стратешка определба на која интензивно работам. Имено на почетокот на мојот мандат имавме наследена состојба од преку 400 деца на листите за чекање, а по сите наши проекти- ставањето во функција на две нови градинки, едната во Драчево и втората во Усје, проширувањето на капацитетите на неколку објекти, таа бројка на деца што чекаат место во градинка е двоцифрен. Тенденцијата на коа сериозно работиме е листите за чекање воопшто да ги нема. Воедно, големи се инвестициите кои ги имаме во сите наши градинки, а кои не подразбираат инфраструктурни зафати, туку нивно опремување со дидактички материјали, мебел, опрема и слично и за кои Општина Кисела Вода во овие две години инвестираше околу 17 милиони денари.
Сево ова говори за една посветена работа во насока на унапредување на условите и правата на нашите најмлади, за кои овој предучилишен период е многу значаен и преставува темел во формирањето на личноста на секој поединец. Токму затоа, Општина Кисела Вода ќе продолжи секој ден да го дефинира како Ден на детето, надевајќи се дека овие наши заложби ќе допрат и до останатите и ќе ја подигнат свесноста околу важноста на ова прашање-изави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски по повод одбележувањето на Светскиот ден на детето.
Ново на Сител
-
Заврши санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје, во следните три часа се очекува нормализирање на состојбата
-
„ЕУ Обсервер“: Одложувањето на проширувањето на ЕУ ја зголемува економската нееднаквост на Балканот
-
Хутер победи на женскиот супервелеслалом во Сент Мориц
-
Возило удрило две жени во Штип
-
Минута молк на натпреварите во Германија
-
Вучиќ: Младите од 20 до 35 години, дури и невработените, ќе можат да земат станбен кредит
-
Инспектор нападнал началник во просториите на полицијата во Радовиш
-
Германија: Билансот од нападот на божиќниот пазар во Магдебург се искачи на пет загинати, над 200 повредени