Ѓорѓиевски: Покрај големите капитални проекти, работиме и на секој детал што значи поголем ред, безбедност и урбана култура

Скопје се уредува до најситен детал. Покрај големите капитални проекти што го менуваат ликот на градот, со еднакво внимание работиме и на секој детал што значи поголем ред, безбедност и урбана култура - пишува скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски во денешната објава на неговата фејсбук-страница.
Тој информира дека интензивно се врши обележување на хоризонталната сигнализација, како и замена на дотраената вертикална сигнализација на градските сообраќајници. Јасната, видлива и функционална сигнализација, истакнува градоначалникот, е основа за побезбеден сообраќај, подобра организација и поголема сигурност за сите учесници во сообраќајот.
-Паралелно, се поставуваат и заштитни столпчиња по должината на булеварите со цел да се заштити јавниот простор, да се обезбедат пешачките и велосипедските патеки и да се стави крај на паркирањето онаму каде што не му е место. Узурпацијата на јавниот простор не смее и нема да биде пракса во Скопје. Се уредува и зеленилото, кое е во надлежност на Град Скопје. Чисти и уредени паркови, булевари и јавни површини се слика што му дава дополнителна убавина и достоинство на нашиот град. Континуирано се чистат и коритото на реката Вардар на територијата на град Скопје - додава Ѓорѓиевски во објавата.
Градоначалникот информира и дека во скопската Зоолошка градина се уредуваат пешачките зони, а континуирано се работело и на подобрување на пешачките и велосипедските патеки во градот.
-Јавните претпријатија работат со полн капацитет затоа што скопјани заслужуваат чист, уреден, безбеден и модерен град. Продолжуваме за достоинствено Скопје - истакнува градоначалникот.
МИА
Ново на Сител
-

Почнаа преговорите за владина реконструкција - денеска со ВРЕДИ, утре со ЗНАМ
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Обвинителството бара притвор за осуммина за проневерата на милиони во ФФМ
-

Доктор и медицинска сестра од клинички сакале да шверцуваат ботокс од Република Кореја
-

Почнаа преговорите за владина реконструкција - денеска со ВРЕДИ, утре со ЗНАМ
-

Еврометар 2026: Расте оптимизмот за демократијата и евроинтеграциите
-

Државата си прави монопол со својата лотарија, остри реакции за предлог законот за игри на срекја
-

Граѓаните да инвестираат во Чербен, наместо да купуваат станови - предлог на Ристов
