Ѓорѓиевски: Од паднатите дрвја на Водно - изграден нов моторички парк | ФОТО

Силното невреме што го зафати Скопје остави зад себе големи штети и бројни паднати дрвја. Но, нашата обврска не е само да ја санираме направената штета, туку од секој предизвик да создадеме нешто корисно, трајно и вредно за граѓаните. Како што најавив веднаш по невремето, здравите стебла од паднатите дрвја не ги оставивме да завршат како отпад туку им дадовме нов живот и нова намена.
Водно доби нова содржина наменета за движење, рекреација, дружење и создавање здрави навики кај сите генерации, објави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.

-Од нив го изградивме новиот моторички парк на Водно - внимателно уреден простор со природни препреки и реквизити за развивање на рамнотежата, координацијата, агилноста, прецизноста и физичката подготвеност. Простор во кој децата преку игра ќе ги развиваат своите моторички способности, а младите и возрасните ќе можат да вежбаат, да се рекреираат и да поминуваат повеќе квалитетно време во природа, наведува тој во објавата на Фејсбук.
Додава дека наместо отпад, создадале нова вредност, а наместо уништени стебла, создале простор исполнет со движење, енергија и живот.
Истакна дека вакви паркови ќе добијат и Парк шума Гази Баба и Сарај, на местата каде што беа отстранети паднатите дрвја веќе се засадуваат нови садници, а во втората половина на септември ќе се започне со голема есенска акција за пошумување на нашиот град.
-Ова е само дел од активностите со кои му го враќаме сјајот на Водно. Го реконструиравме патот до средно Водно. Ги уредуваме патеките и ја обновуваме урбаната опрема, која со години беше оставена на забот на времето. Истовремено, на Водно и Матка веќе функционира Планинската спасителна служба, подготвена за брзи и професионални интервенции во планински услови. Со тоа ја подигнуваме безбедноста на сите посетители и создаваме услови безгрижно да уживаат во природата, посочи Ѓорѓиевски.

Истакнува дека Водно е срцето и зелените бели дробови на Скопје и оти го чуваме, го обновуваме и го развиваме паметно, одговорно и со љубов.
-Чекор по чекор, создаваме Водно какво што заслужуваат скопјани - безбедно, уредено, зелено и исполнето со содржини за сите генерации, додава Ѓорѓиевски во објавата на Фејсбук.
МИА
Ново на Сител
-

Одлуката на Г7 за ослободување нафта и дизел од резервите само привремено ќе ги намали цените на горивата, сметаат експерти
-

Рама: Европската Унија ја лаже Украина
-

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта
-

Утре посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон
-

Тројца основци нападнати за време на училишен излет во Сарај
-

Починат 60-годишник пронајден на автобуска постојка во Драчево
-

Силувал девојче под 15 години, го снимал чинот и ја уценувал - кривична за малолетник од Скопје
-

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората
