Ѓорѓиевски: 100 нови градски автобуси за Скопје

Со одлука на Владата, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз, објави на фФејсбук скопскиот градоначланик Орце Ѓорѓиевски.
- Почитувани скопјани, кај мене дадениот збор е обврска, а не само формалност пред избори. Затоа, со огромна одговорност, ви ја соопштувам веста што значи нов почеток за нашиот град. Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски, на Град Скопје ќе му бидат доделени 100 автобуси и 50 полначи. Тоа значи безбеден, навремен и достоинствен јавен превоз, но и силен удар во корист на заштита на здравата животна средина и чистиот воздух, наш приоритет што го должиме на нашите деца и идните генерации. Оваа одлука е дел од стратешкиот договор влада со влада помеѓу нашата и владата на Унгарија, што овозможува набавка по исклучително поволни услови, пишува Ѓорѓиевски во објавата.
Со ова, тој очекува да се надмине долгогодишниот проблем со јавниот превоз во Скопје.
- Свесен за тежината на предизвиците, ја прифатив оваа одговорност за да ги погледнеме проблемите во очи и заедно да ги решиме. И резултатите веќе се видливи. За неполни три месеци од преземањето на функцијата, започнавме процеси што долго биле закочени, до крајот на годинава пристигнуваат новите возила за Комунална хигиена, а набавката на нови автобуси ќе започне. Ве уверувам, пред нас се тектонски промени на подобро. Скопје повторно ќе стане град со кој се гордееме, град со достоинство, ред и визија. Од срце и искрено му благодарам на ремиерот Hristijan Mickoski за безрезервната поддршка и за посветеноста кон граѓаните каква што одамна не сме виделе. Во услови на тежок колапс во кој го наследивме Скопје, без неговата поддршка ништо од ова немаше да биде возможно. Мои скопјани, повеќе нема да се прашуваме дали можеме подобро. Тоа подобро, заедно ќе го живееме!, наведува градоначалникот Ѓорѓиевски.
МИА
Ново на Сител
-

Уапсен 27-годишник од Тетово, возел 179км/ч на место каде дозволено е 80
-

Зголемен бројот на странски туристи, најмогу се од Турција, Германија, Србија и Бугарија
-

Мицкоски: Со реконструкцијата на Владата нова енергија, ново темпо и уште поголема одговорност
-

Приведен гостиварец, пијан агресивно се однесувал на „Галичка свадба“
-

Во сообраќајка меѓу патничко овозило и мопед тешко повредени двајца малолетници
-

Реконструкција на Владата во Собранието: разрешени министрите Филков, Стоиљковиќ, Алиу, Перински, Љутков, Лимани и Салиу
-

МВР распиша меѓународна потерница по лицето кое избега од Полициската станица во Кочани
-

Поскапување на горивата од полноќ, ова се новите цени
