Ѓорѓиев: Преговорите во Комисијата ќе продолжат без разлика што се случува на политичко поле со Бугарија
![]()
Никој ништо нема да жртвува во преговорите со Бугарија, тие ќе продолжат во Комисијата без разлика што се случува на политичко поле. Ние сме академска комисија и од тој аспект ќе продолжи нашата работа без премногу да се фокусираме на тоа што се случува во политиката, порача денеска историчарот Драги Ѓоргиев кој е на чело на нашиот тим во Македонско-бугарската експертска комисија.
Прашан дали има најава да се надминат најголемите разлики досега, тој истакна дека веќе три состаноци се разговара за тоа.
-Ќе продолжиме и понатаму со тоа, а штом разговараме верувам дека има простор да се најде решение. Може да се најде решение со добра волја од двете страни. Разговорите ќе кажат какво ќе биде тоа решение. Реков дека нема да има жртви ниту на едната, ниту на другата страна, а доколку условно кажано има жртви историски на едната или другата страна тогаш не е постигнат договор. Мора да бидат двете страни еднакво задоволни од тоа што ќе се постигне, изјави Ѓоргиев во одговр на прашање на доделувањето на државната награда „11 Октовмри“ во Собранието.
Прецизира дека се преговара во однос на чествувањето на Гоце Делчев и додаде дека ќе продолжат со преговорите.
-Таму има неколку текстови што ги усогласуваме. Пречка настана повеќе околу некои формулации што ја танираат повеќе современоста отколку минатото. Индиректно преговараме и за проблемите што произлегоа последниов период околу македонскиот јазик…, но не на тој начин како што се афирмира деновиве, потенцира Ѓорѓиев.
Ново на Сител
-

Нетанјаху: За непријателите на Израел нема имунитет
-

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
