Балкан
26. January 2024 - 11:35

Ѓорѓе Давид се вратил во Србија

Српскиот музичар и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид се вратил во Србија, известуваат српските медиуми.

Ѓорѓе Давид беше задржан во Македонија откако на 20 јануари на магливиот пат кон Табановце во Македонија удри жена која излегла од својот автомобил по претходен инцидент со друго возило. Од ударот жената се здобила со тешки телесни повреди, од кои починала.