-->
-->
Ѓоргиев од Јапонија се сели во Полска
-->

Најдобриот македонски одбојкар воедно и капитен на сениорската репрезентација Никола Ѓоргиев од следната сезона ќе настапува во полското првенство.
Ѓоргиев и официјално се збогува од „фановите“ на јапонскиот тим Торај Ероус со кој изминативе две сезони доминираше и освои неколку трофеи. Тој воедно преку својот „Фејсбук“ профил најави и дека се сели во Полска во екипата на ОНИКО Варшава.
„Благодарност до Јапонија. Прекрасни спомени. Секогаш ќе ве имам во срце. Полска јас доаѓам“, напиша Ѓоргиев на социјалната мрежа „Фејсбук“.
Тренер на овој тим е одбојкарската легенда Стефан Антига, кој воедно е и селектор на Полска. Додека на „википедија", пак, Македонецот беше додаден како најнова аквизиција на клубот.
Во својата интернационална кариера, Ѓоргиев пред заминувањето во Јапонија каде играше две години, претходно настапуваше и за екипите Раднички Крагуевац (Србија), Волеј Форли (Италија), Мили Пијанго (Турција), Парис Волеј (Франција).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
-

Инвестирани над 40 милиони денари за Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“
-

Зеленски: Повторно го забавија „Ѕвездениот штит“, со што им се помага на Русите да нè убиваат
-

46-годишник од Кратово физички ја напаѓал и малтретирал бремената партнерка
-

Скопје во знакот на боксот: Јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“
-

Утре силен јужен ветер и температури над просекот
-

Приведени 8 возачи во изминатото деноноќие, 6 возачи управувале возило без положен возачки испит
-

Кибернапад во Швајцарија: Украдени лични и медицински податоци на пациенти и вработени
