-->
-->
Ѓоргиев: Не е поништена одлуката за поставување на крст во Бутел
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2016/march/aleksandar-gj-42399.jpg?itok=YVmdDGqM)
Од Партијата велат дека се повлекуваат за да им овозможат на православните христијани утре слободно да ги посетат гробиштата на Задушница, но ќе продолжат институционално да го решаваат проблемот
Тотално неточна и невистинита е информацијата дека Владата ја поништила одлуката за поставување на крстот во населбата Бутел, реагираат од Владата.
-Не е донесена таква одлука вчера воопшто и немаше седница. Во целост ја демантирам таквата шпекулација – вели Александар Ѓоргиев портпарол на Владата.
Активистите на ДУИ синоќа околу полноќ почнаа да го растураат кампот поставен на местото каде што општина Бутел планира да изгради крст. Од Партијата велат дека се повлекуваат за да им овозможат на православните христијани утре слободно да ги посетат гробиштата на Задушница, но ќе продолжат институционално да го решаваат проблемот и со помош на меѓународната заедница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Укинат факултетот за здравствени науки во Струга, Владата ја поништи одлуката од претходното владино раководство
-
Елена Петрова нов директор на УЈП, Бобан Николовски на Царинската управа
-
Струјата во Турција од 1 јули ќе се зголеми за 38 отсто
-
Приведен крадец баран со потерница
-
ИНСТАТ: Во Албанија живеат 2.281 Македонец, 7957 се попишани како Бугари
-
Ќе се дигитализираат 20 нови услуги во првите 100 дена од работата на Владата
-
Се испуштаат агресивни кучиња во Битола, општината побара помош од МВР и АХВ
-
Викендов сончево и топло, од вторник услови за невреме