Тенис
21. March 2016 - 14:42

Ѓорческа се поблиску до 300-та на ВТА листата

Македонската тенисерка ЛинаЃорческа со пласманот во полуфиналето на претходниот фјучрс во Хамамет, Тунис и со освоените четири поени на денешната промена на ВТА листата го забележа својот најдобар ранг во кариерата. Таа се наоѓа на 307 место со 132 поена и има скок од четири места.
Ѓорческа може да очекува напредок и на следното рангирање и да се доближи со позицијата 300 на ВТА листата. Имено, таа на последниот фјучрс во Хамамет играше во полуфиналето и ќе освои нови четири поени, но ќе загуби еден освоен во овој период од годината лани.
Во конкуренција на двојки се наоѓа на 267 место и има скок од едно место, додека нејзиниот најдобар ранг во двојки и е 255 место.