Тенис
30. јуни 2016 - 15:27

Ѓорческа поуспешна од Приморац за четвртфинале во Штутгарт

Лина Ѓорческа ја постигна и втората победа на фјучрсот во Штутгарт откако денеска ја победи Ива Приморац од Хрватска со 2-0 во сетови. Ова е втора победа за нашата тенсиерка во меѓу себните дуели.

Ѓорческа двата сета ги доби со 6:2 и 6:3 во гемови за 73 минути игра. Во следната рунда нашата тенисерка ќе игра со Ивон Кавале-Реимерс од Шпанија, која денеска постигна победа од 2-0 против Кимберли Цимерман од Белгија.
Ѓорческа на турнирот настапува како трета носителка, а во тек и нејзиниот меч во игра на двојки од 1/4 финалето.