Тенис
5. July 2016 - 18:42

Ѓорческа почна со победи и на фјучрсот во Торино

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да оствари победа од 2-1 вос етови на фјучрсот што се игра во Торино за награден фонд о д 25.000 долари. Таа во три сета ја совлада Камила Росатело од Италија (653.место на ВТА).
Ѓорческа го освои првиот сет со 6:4 во гемови, а противничката беше поуспешна во тај брекот на вториот сет со 7:5 и изедначи на 1-1. Во решавачкиот сет Росатело поведе со 2:0 во гемови, а Ѓорческа направи серија од шест гема и го доби сетот со 6:2 воедно и мечот.
Нашата тенисерка е рангирана како носител број 5 и во следната рунда ќе игра против Магдалена Фреч од Полска. Во конкуренција на двојки игра со Словенката Далила Јакупович и во првото коло беа слободни.