Тенис
18. September 2015 - 18:33

Ѓорческа победи во двојки во Подгорица

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ја продолжи серијата успешни настапи во конкуренција на двојки. Таа попладнево заедно со Мелис Сезер од Турција победија на фјучрсот во Подгорица (награден фонд 25.000 долари). Тие во два сета без загубен гем (6:0 и 6:0) ги победија Николета Булатовиќ и Нина Калезиќ  од Црна Гора. Мечот траеше 37 минути, а беа одиграни 60 поени (48:12).
За Ѓорческа ова е вкупно девтти триумф во двојки оваа година, а вторпат победува со Сезер од Турција. Заедно триумфираа и на турнирот во Тарсус.