-->
-->
Ѓорческа остана без титула на фјучрсот во Падова
-->
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа остана без победничкиот пехар на фјучрсот во Падова (награден фонд 25.000 долари). Таа синоќа во двојки со Кристина Дину од Романија загубија од Алисија Матуци и Катарина Питер. Првиот сет Ѓорческа и Дину го добија со 6:2, а во вториот беше 7:6 (7-1) за противничките. Во решавачкиот сет на поени беше 10-8 за победничките.
Инаку, Ѓорческа вчера беше поразена и во второто коло во сингл каде загуби од првата носителка Иселин Бонавентуре од Белгија со 6:4 и 6:3 во сетови. За пласманот во 2.коло ќе добие 5 поени.
Нашата тенисерка од понеделник е пријавена за настап на турнир во Сегед, Унгарија со награден фонд од 50.000 долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Кој ги заклучил вратите во „Пулс”? - СДСМ со обвинувања за селективност во истрагата
-
Арсовска добила нови закани, Мицкоски повика МВР и ОЈО да постапат по пријавите
-
ЛДП поднесува предлог-закон за една изборна единица и отворени листи
-
Филипче бара фокус на ЕУ агендата
-
ВМРО-ДПМНЕ за модуларните
-
Какви предности ќе донесат измените на Закон за царини?
-
Се подобрува здравствената состојба на дел од повредените во трагедијата во Кочани