Тенис
7. April 2023 - 10:02

Ѓорческа ќе игра финале на турнирот во Сплит

Елиминацијата на Лина Ѓорческа во сингл и овозможи на турирот во Сплит да се фокусира на настапот во дубл каде одлично игра со Вероника Ерјавец со која обезбедија финале откако во полуфиналето беа подобри од Сара Бејлек и Луси Хавличкова кои ги совладаа со 2-1 во сетови на теренот број еден.
 
Мечот донесе многу возбудувања и  траеше час и половина, откако тенисерките од Чешка го решија првиот сет  со 7-5, но потоа стигна одговорот од Лина и Вероника кои со 6-4 и 10-6 обезбедија место во финалето во кое ќе ги одмерат силите со Тара Вурт (Хрватска) и Ника Радишиќ (Словенија).