-->
-->
Ѓорческа ја мина првата пречка во двојки во Сен Мало
-->
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа заедно со Дијана Марцинкеча од Летонија да постигне победа во првото коло во двојки на фјучрсот во францискиот град Сен Мало. Тие ги победија четвртите носителки Корнелија Листер (Шведска) и Нина Стојановиќ (Србија).
Првиот сет Лина и Дијана го добија со 7:6 во тај брекот беше 7:3 на поени, а во вториот беше 6:3 за ривалките.
Во решавачкиот сет беше 11:9 на поени за Ѓорческа и Марцинкеча. Мечот траеше 104 минути.
Во четвртфиналето противнички ќе им бидат шпанските тенисерки: Олга Парес Азцоитиа и Олга Саез Лара.
Ѓорческа претпладнево го загуби мечот во сингл конкуренција од осмата носителка Марина Заневска од Украина со 2-0 во сетови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Медицинска опрема вредна 13 милиони евра не се користи и скапува во подруми утврди ДЗР
-
Засега ќе нема нови мерки за цените – хигиенските производи во дел од маркетите поскапеа за над 50%
-
Отворена новата градинка „ Пролет“ во општина Центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Коцевски: Идниот месец обвинение за Кочани
-
Филипче: Владејачката коалиција ќе се распадне
-
Нова градинка во скопски Центар
-
Годинава само половина од планираните површини ќе се посеат под ориз