Тенис
5. September 2015 - 12:41

Ѓорческа експресно до финалето во Врњачка Бања

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа еспресно стигна до финалето на фјучрс турнирот во Врњачка Бања. Таа претпладнево за 67 минути ја победи Габриела Хорачкова со 2:0 во сетови.

Нашата тенисерка загуби само четири гема - 6:1 и 6:3. Имаше пет брејка, а билансот на поени беше 63:37.
Ѓорческа во утрешното финале ќе игра со победничката од полуфиналето меѓу Нина Поточник (Словенија) - Ана Викторија Гоби Минлау (Аргентина).
Инаку, вчера Ѓорческа со Шантал Смаклова од Словачка го освоија турнирот во игра на двојки.