-->
-->
Ѓоковиќ загуби сет и се повлече од Австралија опен
-->
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој поради повреда се повлече од полуфиналето на Австралија опен откако го загуби првиот сет од Германецот Александар Зверев, најави дека за него е болно да биде на теренот.
На прес-конференцијата по натпреварот тој објави дека болката во левата нога се влошувала, а на мечот со Зверев играше со преврзана нога.
-Дури и да го освоев првиот сет, тоа ќе беше огромна и многу тешка битка за мене. Можеби ќе одиграв уште неколку гемови или сетови, не знам. Немав доволно гориво во мојот мотор, призна тој.
Запрашан дали ова му е последен настап на Австралија опен, тој одговори: „Можно е, кој знае. Да видиме како ќе помине сезоната, сакам да одам напред“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?