-->
-->
Ѓоковиќ со 42. грен-слем полуфинале го собори рекордот на Федерер
-->
Србинот Новак Ѓоковиќ со триумфот над американскиот тенисер Тејлор Фриц со 3-0 во сетови (6-1, 6-4, 6-4) по 13. пат се пласираше во полуфиналето на УС Опен, а по 47. пат на грен-слем турнирите со што го надмина досегашниот рекордер Роџер Федерер од Швајцарија.
Четвртфиналето беше осми меѓусебен дуел меѓу 35-годишниот српски тенисер и 25-годишниот Американец, а Фриц и натаму е без победа и остана на двата сетови освоени во нивната пресметка во 3. коло на Австралија опен 2021.
Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра против уште еден домашен тенисер, а тоа ќе биде 20-годишниот Бен Шелтон, рангиран на 47 место на АТП листата.
Шелтон рано утрово во четвртфиналето беше поуспешен од сонародникот Френсис Тијафо со 3-1 во сетови (6-2, 3-6, 7-6, 6-2).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во три одвоени случаи во близина на грчкиот остров Лезбос спасени над 100 бегалци и мигранти
-
Хрватска има повеќе од 1,8 милиони автомобили
-
Бесплатен оброк за 1.810 ученици од прво до петто одделение во Кавадарци
-
Македонските фудбалерки против Бугарија на премиерата во Лигата на нации
-
Верстапен најбрз на двата воведни тренинзи пред ГН на Јапонија
-
ЦУК: Изгаснати 23 пожари на отворено, тимови на ЕВН интервенирале во12 општини
-
Левица со иницијатива до Уставен суд за Одлуката за именување на улици во Скопје
-
Стоилковски: Милионерот Љушев ја вработил сопругата како директор на сектор