Ѓоковиќ: Сè уште имам желба да освојувам Гренд слем титули

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, кој го започнува своето учество на тенискиот турнир во Женева против Унгарецот Мартон Фучович во среда, изјави дека сè уште се смета себеси за кандидат за сите големи титули.
-Моите подготовки во Белград поминаа добро. Имаше многу добри денови, но и некои тешки. Сега сум возбуден што ќе играм на земјена подлога, бидејќи немав многу такви можности оваа сезона. Дури и не победив во ниту еден натпревар. Од таа гледна точка, не е идеално. Се надевам дека ќе одиграм повеќе од еден натпревар тука. Се надевам дека ќе се вратам во форма за главната цел - Ролан Гарос, и ќе играм подобро отколку што играм во последните месец и пол, изјави 24-кратниот Гренд слем шампион пред новинарите во Женева.
Изјави дека не може да каже повеќе за разделбата со Енди Мареј од она што го објави како соопштение.
-Објавивме дека не сме обврзани подолг период. Австралија беше тест за нас. Рековме дека ќе работиме заедно во Индијан Велс и Мајами. Заедно решивме да се разделиме. Сметавме дека не можеме да постигнеме повеќе на теренот. Моето почитување кон него останува исто, а дури и се зголеми откако го познавам како личност. Тој има брилијантен тениски коефициент на интелигенција, изјави тој.
Додаде дека негов тренер ќе биде Душан Вемиќ - капитенот на српската репрезентација за „Били Џин Кинг Купот“, тој беше во неговиот тим пред неколку години. Ќе биде со него и на „Ролан Гарос“. Борис Бошњаковиќ, кој беше аналитичар и асистент, исто така ќе помага на турнирите.
-Сега е ново поглавје во мојот живот, се обидувам да го надминам. Не сум навикнат да бидам нокаутиран на стартот (во Монако и Мадрид). Не мислам дека ова ми се случило во последните 20 години. Но, знаев дека овој момент може да дојде. Тешко е да седнам и да размислувам за она што сум го постигнал во мојата кариера. Секако дека сум горд, но сепак сакам да ги освојам големите титули, Гренд слем. Затоа сум во Женева, бидејќи сакам да ги правам работите на правилен начин, да освојам повеќе трофеи. Но, во овој период треба најдобро да го разберам своето тело, да се грижам за моето здравје, заклучи Ѓоковиќ.
Ново на Сител
-

Научниците предупредуваат: Сателитски податоци открија сериозен проблем - целата планета е загрозена
-

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни
-

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари
-

Секое петто боледување во МВР е неуредно или неправилно
-

Од септември регионални лиги во ракомет со македонски, српски и црногорски екипи
-

Дом за кучиња на кратко, надеж за цел живот: „Лајка“ воведува привремено згрижувањена кучиња
-

Трамп ги одложи нападите врз иранските електрани - нафтата падна на 96 долари
-

Ким повторно именуван за претседател на Северна Кореја, Путин упати честитки
