-->
-->
Ѓоковиќ: Не се руши ѕид со глава
-->

Новак Ѓоковиќ пред една година беше најдоминантниот играч во светот на тенисот, а денес е само четврти на АТП листата. Од освојувањето на Роланд Гарос минатата година почна падот на српскиот тенисер.
„Се мачам со формата, никогаш не сум бил во ваква ситуација. Доживеав многу подеми, но ова е првпат во кариерата да не можам да освојам турнир цели седум месеци. Свесен сум дека не играм на нивото на кое можам да играм, но морам да останам позитивен. Некогаш и ова мораше да се случи“, изјавил Ѓоковиќ за британскиот сервис Би-би-си.
Тој смета дека одморот кој го зеде по елиминацијата во четвртфиналето на Ролан Гарос му бил неопходен.
„Веќе немам 20 години, од година во година работите се менуваат. Одев со главата низ ѕид неколкупати, бев полн со самодоверба и не ги регистрирав сигналите што ми ги испраќаа тело и умот. Ми беше потребен одмор.“
Ѓоковиќ на Ролан Гарос ја почна соработката со Андре Агаси. Легендарниот Американец ќе биде со српскиот тенисер и на претстојниот Вимблдон.
„Ќе биде со мене пред и во текот на турнирот во Вимблдон. Многу ми значи што е со мене, од него можат да се научат многу работи“, дополнил Ѓоковиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради протестен марш
-

Мицкоски: Пораката на Велигден нè повикува да се издигнеме духовно и да ги надминеме сите поделби
-

Обвинителство: Околу 65 килограми марихуана запленети кај Градско, истрага против две лица
-

Маж од Кичево е лишен од слобода откако управувал возило и покрај активна забрана и удрил во малолетно лице
-

ОАЕ известуваат за нов ирански напад со ракети и дронови, Иран тврди дека е насочен кон алуминиумската индустрија во Заливот
-

Сиљановска-Давкова до католичките верници: Велигден да донесе мудрост и солидарност
-

Денеска е Цветници - Влегување на Исус Христос во Ерусалим
-

Трамп вели дека го спасиле вториот пилот на соборениот Ф-15 над Иран
