Тенис
12. September 2016 - 10:34

Ѓоковиќ не го „дава“ врвот на АТП листата

И покрај поразот во финалето на УС Опен Новак Ѓоковиќ остана на првата позиција на АТП листата со огромна предност во однос на вториот Анди Мареј. Ѓоковиќ е прв со 14.040 поени, а следуваат Мареј, Стан Вавринка, Рафаел Надал и Кеи Нишикори.

На шестото место е Милош Раониќ, седми е Роџер Федерер, а осми Гаел Монфис, првата „десетка“ ја комплетираат: Томаш Бердих и Доминик Тием.