Ѓоковиќ најави дека тој и Надал нема да играат уште долго
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е свесен дека полека завршува една ера во светскиот тенис и дека тој и Рафаел Надал нема да можат уште долго да се справуваат со многу помладите играчи.
Првиот тенисер на АТП листата дури истакна дека верува дека двајцата заедно со Енди Мареј и Роџер Федерер го имале најголемото ривалство во историјата на овој спорт.
- Рафаел Надал и Роџер Федерер, заедно со Енди Мареј, беа нераскинлив дел од мојот развој како играч и се што постигнав. Ривалствата со нив се заслужни многу за тоа. Сите знаеме дека тие моменти ќе дојдат за сите нас. Роџер ја заврши кариерата, јас и Рафа нема да играме уште долго, завршува една ера и тоа е тажно, рече Ѓоковиќ.
Рафаел Надал требаше да настапи на Мастерсот во Индијан Велс, каде Новак Ѓоковиќ во сабота ќе ги одмери силите против Александар Вукиќ од Австралија, но мораше да се повлече непосредно пред почетокот на турнирот.
- Тажно е што Рафа мораше да се повлече. Патувавме заедно во САД. Не беше планирано, но беше убаво да се видат неговото семејство и него. Знам дека дојде рано бидејќи сакаше да се прилагоди на временската зона, да тренира што е можно повеќе и да се подготви. Даде се од себе, но не беше судено, заклучи Ѓоковиќ.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа трет протестен марш „Кој е следен“
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Шкендија нов лидер вo ПМФЛ
-
Малолетник од Косово удрил двајца пешаци во Скопје, едниот се здобил со тешки телесни повреди - поднесена пријава
-
Meдведев со саркастична порака по суспензија на Синер
-
Напаѓачот кој вчера со нож уби момче во Австрија бил исламист
-
Во пресрет на летнаta сезона Албанија има потреба од над 2.000 туристички работници
-
Притвор за две лица, нападнале полициски началник во дискотека во Кавадарци