Тенис
13. November 2018 - 8:59

Ѓоковиќ го продолжи походот на Лондон, следен противник Зверев

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ без проблем го совлада Американецот Џон Изнер во мечот од првото коло на завршниот Мастерс турнир сезонава во Лондон, а следен противник ќе му биде Германецот Александар Зверев.

Србинот синоќа го совлада Изнер со 2-0, по сетови 6:4 и 6:3.

Александар Зверев исто така оствари победа и тоа против Хрватот Марин Чилиќ со 7:6(5), 7:6(1) на стартот од турнирот.