Тенис
4. January 2016 - 17:24

Ѓоковиќ без проблем ја отвори 2016 година

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ без многу проблеми стартуваше во 2016 година. Тој во првиот меч на тунирот во Доха го совлада Германецот Дастин Браун со 6:2 и 6:2 во двата сета за само 51 минута.

Во следното коло ривал ќе му биде победникот од мечот Фернандо Вердаско и Малек Џазири од Тунис.