Ѓердан што сведочи за пропаста на Марија Антоанета оди на надддавање
Дијамантски ѓердан од 300 карати, за кој се верува дека е поврзан со скандалот што ја собори последната француска кралица Марија Антоанета, ќе се продава на аукција во Женева следната недела. Ѓерданот е понуден на продажба од приватен азиски колекционер на 13 ноември, а неговата вредност е проценета на речиси два милиони швајцарски франци (2,1 милиони евра), објави аукциската куќа Сотби, но може да достигне и повисока цена.
Дијамантите од оригиналниот ѓердан, направени во 1776 година, подоцна беа продадени одделно на црниот пазар и речиси е невозможно да се следат. Но, некои експерти веруваат дека квалитетот и староста на дијамантите укажуваат на тоа дека тие би можеле да одговараат на оригиналните.
„Мислам дека тоа е еден од највозбудливите примероци што ги поседуваме, не само поради потеклото туку и поради дизајнот“, рече Виндам.
Во 1780-тите, ѓерданот беше во центарот на аферата со дијамантски ѓердан, во која сиромашната благородничка, Жана де ла Моте, тврдеше дека кралицата на Франција го присвоила ѓерданот без да плати за тоа.
На судењето било утврдено дека кралицата не е виновна, но останала на лош глас поради нејзината екстраваганција, што придонело за избувнување на Француската револуција и нејзино погубување на гилотина.
„Веројатно или можно е некои од овие дијаманти да потекнуваат од познатиот дијамантски ѓердан што доведе до пропаст на Марија Антоанета“, изјави за Ројтерс во четвртокот Џесика Виндхам, шеф на продажбата на луксузен накит во аукциската куќа.
„Видовме дека благородниот накит може да предизвика огромна возбуда“, рече таа, наведувајќи го како пример приврзокот од бисер што ѝ припаѓаше на француската кралица, кој во 2018 година беше продаден многу пати повеќе од неговата првична проценка.
Ново на Сител
-
Приведени кавадарчани, кај нив пронајдени детектори за метал и сомнителни предмети
-
Приведен кумановец кој ограбил неколку возила
-
Арсовска: Долгот на централните власти кон ЈСП следната година ќе достигне десет милиони евра
-
Сѐ уште не се применува новиот Закон за употребата на македонскиот јазик
-
По 10 ин витра и 10 спонтани абортуси, 61 годишна мајка на свет го донесе Петар, тежок 2350 гр.
-
Арсовска нема да се кандидира за нов мандат на претстојните локални избори
-
Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава
-
До петок стабилно, потоа облачно со повремени врнежи од дожд