Ѓаволот од бегство во куќен притвор

Љупчо Пецов Ѓаволот ќе биде еден од ретките осомничени кои од бегство добил куќен притвор. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција предложи промена на мерката притвор за еден од главните осомничени за случајот Синџир. И тој како и многу осомничени кои се во оваа фаза на постапката пријавил дека има здравствени проблеми, но и ризици по својата безбедност ако биде во затвор.
„Јавниот обвинител, ценејќи ги здравствените околности, но и сериозните индиции за можни влијанија врз постапката и врз самиот осомничен, фактот дека тој доброволно се пријавил и ги предал двете патни исправи што ги поседува, како и проценките дека со негово сместување во притворското одделение не може да се гарантира личната безбедност, на рочиштето го изменил првичниот предлог. Наместо притвор, предложена е мерка куќен притвор со постојан надзор, со цел да се обезбеди неговото присуство во натамошната постапка“ – се вели во соопштението на Обвинителството.
Љупчо Пецов – Ѓаволот е еден од главно осомничените во предметот „Синџир“, голема истрага за финансиски криминал и даночно затајување, отворена кон крајот на октомври 2023 година. Во предметот се опфатени 26 лица, сопственици и управители на 28 компании, за кои постои сомнение дека преку мрежа на фиктивни фактури со ДДВ за наводни, но непостоечки услуги, го оштетиле државниот буџет за околу осум милиони евра. Случајот дополнително доби тежина по апсењето на поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, кој е и адвокат на Пецов.
Обвинителството соопшти дека Стафа во периодот од октомври до 13 декември примил вкупно 50.000 евра за да издејствува Пецов да не оди во притвор.
Ново на Сител
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Министрите ќе може да имаат двојно државјанство, предлог законот на СДСМ не помина во Собрание
-

Сиљановска: Не бараме привилегии од ЕУ
-

Опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ: Коалревиќ и Абази одработуваат за СДСМ и ДУИ
-

Поскапуваат горивата од полноќ, попустот од Окта веќе не важи
-

Финансиска полиција откри милионско затајување кај скопска фирма без специјализирана дејност
-

Годишен извештај на Ало Бушавко за 2025-та година: 19 деца сакале да се самоубијат или имале самоубиствени мисли
