Гитаристот на „Морал“ за Влатко: Беше млад за депресија и млад за да замине!
Гитаристот на Рок бендот ,,Морал’’ Ивица Јорданов во изјава за „Фокус“зборува за Влатко Илиевски кој беше пронајдон мртов вчера во својот автомобил.
– Веста ја добив утрово од Славчо Стојанов. Беше тоа шок за мене. Кој би очекувал вакво нешто од човек што беше полн со живот, енергија, волја за работа. Едноставно останав без зборови.
Влатко беше прекрасен дечко, многу харизматичен човек. Првпат го запознав како средношколец, тогаш запеа во ,,Морал’’ на препорака на Славчо. Донесе енергија и некоја харизма што ја пренесе и на нас. Имавме многу свирки, настапи, снимања, секогаш беше топ, на висина на задачите. Многу уникатен рок пејач, знаеше да повлече на бина и да не мотивира сите. Ќе ми фалат неговите шеги, имаше добра смисла за хумор. Често се смеев со солзи. Направи соло кариера што многу пејачи посакуваат да ја имаат. И, да не се заборави, потенцирам, ТОЈ прв ја наполни Арена Борис Трајковски со 9,10 илјади луѓе. Ќе ми фали многу, секогаш насмеан, фин и спремен – се присетува долгогодишниот колега и пријател на Илиевски.
Околу тоа, дали тој знаел дека Влатко го мачи нешто, дали се жалел, или пак бил депресивен, Ивица вели дека никогаш не се посомневал во нешто такво.
-Не, Влатко секогаш беше ОК. Тој беше млад за депресија, и млад за да замине. Ама, за тоа не одлучуваме ние, тоа е животот. Еден голем рингишпил, се возиме и никогаш не знаеме во кој момент ќе заврши возењето – изјави Јорданов.
Ново на Сител
-
Кик бокс Маи Таи Федерацијата продолжува да расте
-
ДПИ ќе реферира во вторник на Влада за состојбата со високите цени на храната, можни се мерки за нивно ограничување
-
Рама: Деновиве ќе биде блокиран ТикТок во Албанија
-
Се реконструира скверот зад ТЦ „Капитол“, проект вреден 45 милиони денари
-
Мицкоски за интерпелацијата за Судски совет: Нема како да бидат разрешени членовите, но борбата ќе биде со јавен притисок
-
48-годишен скопјанец пронајден починат во семејна куќа во Удово
-
Ким: САД се виновни за сите конфликти и крвопролевања во светот
-
Уапсен 36-годишник од Радовиш, се обидел да изврши тешка кражба