Македонија
25. January 2023 - 16:32

Гир: Потребна е стручна, независна и професионална администрација

Ефикасна администрација, која ќе биде во интерес на граѓаните, а не партиски војници кои не можат да одговарат на задачите. Реформите се клучни и неопходни, администрацијата мора да биде стручна, а непотребната бирократија да стане минато, порача евроамбасадорот Гир.

Општ принцип, односно нашиот принцип е дека треба да имате стручна јавна служба способна да ги спроведе реформите, со помош. Без тоа не може земјата да се развива и да расте. Тука има неколку апсекти – финансирање, партиско влијание кое е премногу силно во одредени делови на администрацијата но, потребно е да имате јавна, државна служба која може да испорача она што треба. Многу работа има да се зајакне јавната служба, изјави Дејвид Гир, евроамбасадор.

За да има кадар и да биде мотивиран – треба да има повисоки плати. Токму одливот на кадар од министерството за финансии е причината што само оваа државна институција си ги зголемиле платите 30%.

Министерот Бесими вели платите во неговиот сектор биле најниски, а сега ќе се усогласат со ние во царина и УЈП, однсно органите во ист состав

Голем дел наоѓаа работа во други институции. МФ имаше 700 вработени, а сега се околу 400. Лани 40 луѓе го напуштија МФ надвор од тоа што беше планирано со пензионирањето.

Огласите беа заради надвор од тоа во планот за човечки ресурси во буџетот на МФ, луѓето го напуштаат Министерството. Доаѓаат раководители на сектори, даваат отказ, едноставно си одат. Многу работа, на друго место добиваат можности за подобри услови. При огласи неа соодветни кадри што се пријавуваат. Мораме да обезбедиме човечки ресурси за да функционира институцијата.

Ова решение е додека се заврши со двата закона на кои ние инсистираме системски да се решат овие работи, рече Бесими.

Со 20 милиони евра заем од Светска банка и 5 милиони евра грант од Унијата  ќе се подобрува ефикасноста, транспарентноста и отчетноста на јавните финансии Целосно ќе се дигитализираат дел од услугите, особено во УЈП, со што компаниите  - даночни обврзници ќе заштедат време и пари, .Се очекува поголема наплата на даноци и значително нанамлување на сивата економија.