Гир ја пренесе пораката од Брисел: Измените на Кривичниот законик водат кон неказнивост
Премиерот ги смета за европски вредности и покрај тоа што официјален Брисел упати серија критики за измените во Кривичниот законик. Евроамбасадорот денеска од Скопје го повтори она што вчера стигна како став од Брисел.
Премиерот денеска ги повика новинарите да истражуваат кој бил Дарт Вејдер на македонското правосудство без да ги коментира веќе истражените наоди според кои, на пример, градоначалникот на Струга ќе се спаси од 30 кривични прогони.
И во опозицијата остануваат на коментарот дека Владата се подготвува за во опозицијата без воопшто да го коментираат фактот дека измените во Кривичниот законик ги спасија најголемиот дел од поранешните функционери во нивната партија. И за нив, вели опозицискиот лидер, казната ќе стигне по изборите.
Измените во Кривичниот законик стапуваат на сила денеска.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар