Македонија
12. January 2024 - 12:24

Гир: Измените на КЗ ја зголемуваат неказнивоста

Брисел е загрижен дека брзите измени на Кривичниот законик доведуваат до неказнивост во Македонија, вели евроамбасадорот Гир во интервју за државната МИА.

-Она што го привлече вниманието и нашата загриженост беа измените на Кривичниот законик. Во тоа време бевме загрижени дека ова ќе доведе до повеќе неказнивост, тука беше и злоупотребата на европското знаменце, но главната загриженост беше дека ова би можело да доведе до поголеми можности за неказнивост. И она што го гледаме случај по случај со текот на времето е зголемена неказнивост, и сега увидовме дека постои празнина во еден дел од законот што приоритетно треба да се затвори, вели Гир, одговарајќи на прашањето за проблемот со корупцијата со кој се соочува земјава.

Тој додава дека Брисел е загрижен за недостатокот на напредок во борбата против корупцијата што е јасно наведено и во последниот извештај на Еропската Унија.