Гинекологот кој ја лажеше пациентката дека е бремена ќе одговара за неколку кривични дела
Скопското Јавно обвинителство поднесе обвинителен акт против гинекологот, кој во периодот од месец септември 2015 до април 2016 година, презентирал состојба на лажна симулирана бременост на пациентка.
- Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе Обвинителен акт против лицето Н.Д., по професија доктор специјалист по гинекологија и акушерство, кој во периодот од месец септември 2015 до април 2016 година презентирал состојба на лажна симулирана бременост на пациентка врз која претходно спровел биолошки потпомогнато оплодување, се наведува во денешното соопштение од Обвинителството.
Обвинетиот, како што велат од Обвинителството, се товари дека сторил кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 ст.1 вв со чл.207 ст.1 од КЗ и кривично дело – Фалсификување на исправа од член 378 ст.3 вв со ст.1 вв со чл.45 од КЗ.
Лекарот, како што стои во соопштението, иако знаел дека оштетената не е бремена, врз неа вршел редовни контролни гинеколошки прегледи со ехо апарат, презентирал лажни ехо снимки на кои се гледа плод, презентирал лажна срцева акција на плодот, мерел должина и тежина на плодот, го утврдил полот на плодот, вербално на секој преглед детално ја објаснувал секоја наводна снимка од плодот, правел и скрининзи со писмени извештаи во кои е наведено дека на ехото се гледа плод во различна гестациска недела, а потоа договорил и термин за пораѓање. Непосредно пред денот за кога било договорено наводното пораѓање на пациентката осомничениот најпрвин на сопругот на оштетената, а потоа и на оштетената ја открил вистината за лажната бременост.
Ново на Сител
-
Зеленски: Путин се преправа дека сака мир, со поставување непотребни барања само ја продолжува војната
-
Мајнл-Рајзингер - Муцунски: Австрија стои до Северна Македонија во вонредни ситуации и на патот кон ЕУ
-
Почувствуван земјотрес со епицентар во Струмица
-
Одземени возила што биле користени во „диви“ трки во Скопје
-
МЗ: Ги следиме потребите на населението во Кочани, на терен зајакнати медицински тимови
-
Пронајдени околу 10.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар, лишено од слобода едно лице
-
Седум лица повредени во пожарот во Кочани се транспортираат во Шпанија
-
Престрелка во Скопје, едно лице застрелано