Гинај: Можно е пучот да е инсцениран
Виенскиот експерт за Турција Ченгиз Гинај изјави денеска дека не ја исклучува можноста турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да го инсценирал обидот за пуч.
Гинај на австриската државна телевизија ОРФ рекол дека Ердоган сега би можел да ги инструментализира околностите за понатамошна изградба на својата моќ кон претседателски систем.
- Ова се лоши времиња за Турција. Загрижен сум, изјави австрискиот експерт.
Тој нагласи дека уште сега е забележлива мобилизацијата за Ердоган. Гинај укажува дека е интересно што и од страна на џамиите се мобилизирало населението и се повикувало на протести.
- Тоа сето дава повод за шпекулации дека, иако некој друг го организирал пучот, во тек е експлоатација на оваа ситуација од страна на Ердоган, рече Гинај.
Тој додаде дека не разбира како веќе наредниот ден по пучот се уапсени стотици судии и дека дури од слобода е лишен и судија на Уставниот суд, што дава повод за помислата дека отпорано постоела „листа“ со лица блиски на противникот на Ердоган.
Гинај оценува дека Ердоган бил многу брз во обвинувањето на движењето на Фетулах Ѓулен за обидот за пуч.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за Изет Меџити
-
Град Скопје најавува кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија
-
На ГП "Ќафасан" албанската полиција спречи шверц на лекови
-
Помина интерпелацијата за Даути во Собранието
-
Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас
-
Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар
-
Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште
-
Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп