Гимнастичарот Стојан Анастасов доби спортска стипендија од Општина Кочани
Гимнастичарот Стојан Анастасов, член на клубот за гимнастички спортови „Кочани“, е овогодишен добитник на стипендијата за спортист – спортска надеж што ја доделува локалната самоуправа на Кочани.
Во образложението на општинската комисија која одлучувала за доделување на финансиската поддршка стои дека според остварените спортски резултати во 2018 година, Анастасов има најмногу бодови од пријавените кандидати и е прв на ранг листата.
– Гимнастичарот Анастасов лани учествувал на повеќе национални гимнастички натпреварувања на кои постигнал одлични резултати за што има осовено повеќе признанија. Комисијата ја разгледуваше неговата работа и во текот на изминатите години и оцени дека тој заслужува да ја добие општинската стипендија, чиј месечен износ е три илјади денари, истакна Голубина Ѓоргиева од одделението за јавни дејности на Општина Кочани.
Финансиската поддршка се доделува осма година по ред за да им се помогне на младите таленти во понатамошната спортска кариера на државно и на меѓународно ниво.
Според правилникот за стипендирање, исплатата ќе почне од април и ќе трае заклучно со септември, а средствата се обезбедени од Програмата за спорт на Општина Кочани, за стимулирање на млади спортисти.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости