-->
-->
Гигантите имаат 12 дена да го привлечат Тимо Вернер
-->
12 дена – толку време имаат фудбалските гиганти доколку сакаат да го привлечат напаѓачот на РБ Лајпциг – Тимо Вернер, со активирање на неговата откупна клаузула од 55 милиони евра, информира британското издание „Скај спортс“.
Главни претенденти за тоа се Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Челзи. Таа истекува на 15 јуни (понеделник) и потоа екипите нема да можат да ги искористат нејзините предности. „Црвените“ од Мерсисајд изгледаат како најзаинтересирани.
Сепак, тие не се подготвени да ја платат потребната сума од 55 милиони евра, особено со оглед на моменталната финансиска состојба во фудбалот.
Германските шампиони Баерн Минхен исто така имаа амбиции, но бргу се откажаа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Меѓународна конференција на Паневропската унија во Македонија
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

Гинеколози - ХПВ вакцинацијата спречува појава на повеќе видови на рак
-

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување бидејќи стариот не личи на закон
-

Преглед на вестите од светот
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Под истрага шест лица за транспортот и логистиката на марихуаната од Македонија во Србија
