Свет
24. October 2019 - 17:55

Ги стигна правдата: Осудени на смртна казна момчињата од Бангладеш кои жива запалија 19-годишна девојка

Судот во Бангладеш денеска осуди 16 лица на смртна казна поради убиство на 19 годишна девојка која е жива запалена поради пријавување на сексуално насилство.

Смртта на Нусрат Јахан Рафи во април покрена протести ширум Бангладеш.

Судењето во дистриктот Фени, на југоистокот од земјата, траеше до јуни.

Меѓу лицата осудени на смрт се и учител на убиената и нејзини тројца другари од медресата.