Живот
2. July 2017 - 20:05

Ги разбуди страотен тресок: Автобус влета во соба во која спиеја три деца

Патнички автобус удрил во куќа во Истанбул и влета во соба во која спиеле три деца.

За среќа ниту едно дете не е повредено. Несреќата се случила рано утрово во истанбулскиот дистрикт Умранија кога возачот изгубил контрола над автобусот и се забил во куќата на семејството Долап.

Уривајќи го ѕидот, автобусот влегол во собата во која спиеле децата на возрас меѓу 5 и 9 години.

„Се се случи рано утрово додека спиевме. Не разбуди силен тресок и бучава“

Децата се преплашени од она што се случило, но голема среќа е што не се повредени, вели сопственикот на куќата и татко на децата Мехмет Долап.

На местото на несреќата стигнаа екипи на итната медицинска помош и полицијата, а истрагата за причината на несреќата е во тек.