Македонија
11. April 2018 - 15:48

Г.г. Стефан приреди прием за поглаварите на верските заедници

 Во Архиепископската резиденција попладнево се одржува прием што по повод Велигденските празници го организира поглаварот на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија г.г. Стефан за поглаварите и претставниците на петте верски заедници застапени во Уставот на Република Македонија. 

На приемот присуствуваат Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов, поглаварот на Исламската верска заедница Реис ул Улема Сулејман ефенди Реџепи, претседателката на Еврејската заедница Берта Романо-Николиќ, Михаил Цеков од Евангелско-методистичката црква во Македонија, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски, епископот Хераклејски Климент и деканот на Православниот Богословски факултет Ѓоко Ѓорѓевски