Г.Г. Стефан: Да се посветиме на моралните вредности
Православните Христијани денеска го одбележуваат празникот Собор на Св. Јован Крстител, кој се прославува веднаш после Богојавление - Водици. Овој ден уште се вика и Женски Водици. По тој повод архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан утрово богослужеше Златоустова литургија во црквата „Св. Јован Крстител“ во Ново Лисиче.
Многу често разговараме за катасрофалните состојби во економијата, аграрот, сточарството и во многу други области, заборавајќи на моралната состојба на секого од нас и околу нас, истакна поглаварот на МПЦ во своето обраќање кон верниците.
На Светата Литургија со која чиноначалствуваше Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, имаше и ракополагање во чин Протаѓакон и ракополагање во чин Ѓакон.
-

Бранислав Јаневски
Сите содржини од овој новинар
