Гевгелиската болница ќе купи ултразвучна машина за ехо дијагностика со пари од ЕУ фондовите
Во рамки на проектот за размена на информации за итни случаи меѓу здравствените работници од пограничното подрачје на Грција и Северна Македонија денеска во Гевгелија се одржа вториот проектен состанок на кој присутвуваа претставници од ангажираните институции од двете земји.
Според организаторите, целта на состанокот била да се направи преглед на поставените и досега реализирани активности, да се утврдат сите пречки и тешкотии во имплементацијата на проектот, како и да се конкретизираат задачите што треба да се извршат во следниот период.
Во однос на тоа беше договорено во текот на мај и јуни да се одржат „Инфо денови“ за проектот преку кои јавноста ќе се запознае со активнотите и резултатите кои треба да бидат постигнати.
Гевгелиската Општа болница во рамки на проектот, што е подржан од ИПА програмата за прекугранична соработка, ќе набави ултразвучна машина за ехо дијагностика која заедно со постоечкиот мамограф ќе имаат главна улога во извршувањето на бесплатни прегледи за жените од општините Гевгелија, Богданци и Дојран со цел превентивно да се реагира во рано откривање на рак на дојка и рак на матка.
Ново на Сител
-
Хамнеи: Исламската нација никогаш нема да им се предаде на САД
-
Добри пари за добар фудбал | Масар Омерагиќ | Неформално | Sitel Podcast 100
-
Стотици илјади луѓе се собраа на 30-годишнината од Парадата на гордоста во Будимпешта и покрај забраната
-
Бројни полициски тимови распоредени низ Белград
-
Зеленски: Главна тема на разговорот со Трамп беше испораката на американски ПВО системи Патриот
-
Приведен кавадарчанец осомничен за кражба
-
Стојкоски: Се подготвува нов закон за усгостителска дејност со одредби за контрола и кривична одговорност
-
УЈП: Технички проблеми со апликацијата „МојДДВ“, се работи на отстранување на проблемот