-->
-->
Гевгелија: Тешка сообраќајка кај Богородица, повредени четворица државјани од Србија
-->
Во Полициската станица Гевгелија во 01.40 часот било пријавено дека на автопат А1, на делницата Гевгелија – граничен премин „Богородица“, патничко возило „шевролет“ со српски национални ознаки, управувано од З.С., на возраст од 65 години, од Република Србија, излетало од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и сопатничката К.С.Ј., на возраст од 38 години. Додека, со телесни повреди се здобиле сопатничката М.С., на 61-годишна возраст и сопатникот П.Ј., на возраст од 36 години, сите од Република Србија, констатирани во Јавна здравствена установа Гевгелија, се појаснува во соопштението.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гевгелија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ќе имаме многу тешко лето со пожари, вели Ангелов и уверува дека државата е поподготвена од лани
-
Мицкоски: Во 21 век на талибански начин се избришаа македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕК
-
Африм Фидани ја превзема функцијата претседател на Врховниот суд
-
Втор ден комисиска расправа за ребалансот на Буџетот
-
120 нови дигитални услуги
-
Нов бран превентивни мерки на полицијата
-
Зголемен интерес кај струмичките земјоделци за владините мерки за поддршка
-
Преглед на вестите од светот