Гевгелија подготвена за традиционалниот фестивал на смоквата
Од утре до 1 септември во Гевгелија по 13-ти пат ќе се одржи манифестацијата „Смоквијада 2019“ што ја организира здружението на граѓани „Тера“ под покровителство на општина Гевгелија.
Покрај натпреварувачкиот дел во кој ќе доминира варењето на слатко од зрели смокви, деновите посветени на рајското овошје кое дава сила и го чува здравјето, годинава ќе бидат збогатени со многу забава и музика заради зачувување и популаризација на традиционалните вредности на регионот, велат организаторите.
Фестивалот ќе биде отворен утре со дегустација на специјалитети направени од зрели смокви,а програмските содржини ќе продолжат вечерта на Вардарски рид каде за младите ќе се организира забава со ди-џеи од нашата земја и од соседна Грција.
Програмата предвидува слаткото од зрели смокви пријавените екипи да го варат во петок, 30 август на Градскиот стадион во Гевгелија, каде ќе бидат надгледувани и оценувани од посебна комисија.
Музичкиот дел од фестивалот ќе заврши на 31 август со концерт на отворено на музичката ѕвезда Хари Мата Хари, а победниците кои ќе го приготват најдоброто слатко ќе бидат прогласени на 1 септември.
Ново на Сител
-
Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања
-
Малолетник натепан од свои врсници во Аеродром - Еден снимал, другите физичките го нападнале
-
Претседателката Сиљановска-Давкова на отворањето на Самитот за мир во Украина
-
Недела неработен ден за верниците од муслиманска вероисповед
-
Руски воен авион го наруши шведскиот воздушен простор
-
Истрага за двојното убиство во Кратово
-
Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи упати честитка по повод Курбан Бајрам
-
Скопјанец осомничен за разбојништво во банка