-->
-->
Гевгелија ќе се збратимува со украинскиот град Ужгород
-->
Во работна посета на општина Гевгелија денеска престојуваше украинската амбасадорка Наталија Задорожњак која на средба со градоначалникот Сашо Поцков воспостави контакти и договори начела на кои ќе се базира идната соработка.- Македонија и Украина се докажани пријателски земји со многу заеднички работи и стратегиски приоритети како членството во ЕУ и НАТО и затоа како земја сакаме со вас да развиваме соработка не само на највисоко туку и на регионално ниво. Се договоривме со градоначалникот за идната конкретна соработка во различни сфери и области и за збратимување на Гевгелија со нашиот град Ужгород, рече украинската амбасадорка Задорожњак.
Гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков изрази задоволство за договорот околу идната соработка и потврди дека е покрената иницијатива за збратимување на Гевгелија со Ужгород.
- Градот со кој ќе се збратимиме е град со слична проевропска ориентација како на Гевгелија. Се наоѓа во западниот дел на Украина и до сега е збратимен со повеќе градови од земји членки на ЕУ и САД. Се надевам дека преку овој град ќе имаме влез во мрежа преку која ќе можеме да користиме европски пари и искуства и да соработуваме на сите полиња во кои ќе најдеме заеднички интерес, рече Поцков.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Приведен 44 годишeн скопјанец за палењето на возилата на бугарската амбасада
-

Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 21 милион евра ќе отвори речиси 500 работни места
-

Од денеска нема мерки за горивата, Пазарната инспекција подготвува нов извештај за цените во маркетите
-

Се затега монетарната политика, ќе поскапат кредитите
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското езеро
-

Над 60 ученици се фатени како препишувале на државната матура
-

Измените на Законот за трансплантација поминаа на Влада, во Собрание ќе биде доставен по скратена постапка
-

Преглед на вестите од светот
