Гевгелија ќе одвои повеќе од 7 милиони денари за подобрување на патната инфраструктура

Општина Гевгелија ќе издвои повеќе од седум милиони денари од буџетот за подобрување на патната инфраструктура во градот и неколку населени места, информираа денеска од одделението за урбанизам по завршувањето на објавениот јавен повик.
Веднаш по потпишувањето на договорот со најповолниот понудувач, фирмата „Жикол“ од Струмица, почнува и реализацијата на тендерот според кој ќе бидат изградени нови улици во урбаните блокови каде интензивно се гради,а ќе се реконструираат улиците „Индустриска“ и „Ѓоко Тутушев“, кои моментно се меѓу најоштетените во градот. Нови улици и реконструкција на оштетените ќе има и во поголемите населени места во општина Гевгелија.
Од општината соопштија дека активностите се преземаат согласно Програмата за локални патишта и улици и Програмата за комунално уредување на Гевгелија во 2016 година.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Пренџов: Очекуваме конструктивност од новата бугарска влада
-

Јаневска: Оваа година матура ќе се полага според новиот закон
-

НАТО оценувачи ја тестираат борбената готовност на ЛПБГ
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ одработува за српската опозиција
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
