Гевгелија и грчката општина Халкидона разговараа за управување со водата во пограничниот регион

Општина Гевгелија учествуваше на првиот инфо-ден што го организираше општина Халкидона од соседна Грција за потребите на заедничкиот проект за управување со водата во пограничниот регион.
– Претставници на партнерите во проектот, како и одговорните кои го спроведуваат управувањето со водата, разменија знаења и мислења од досегашната пракса, ги презентираа резултатите од следењето на квалитетот на водата во реката Вардар, како и податоците од релевантно истражување кое се спроведува во рамки на проектот,информираа од општина Гевгелија.
Од наша страна биле споделени податоци дека според мерењата, отпадната вода во пречистителната станица во Гевгелија, влегува со многу високи биолошки вредности на загаденост и дека по извршениот третман се пушта во реката Вардар со намалени вредности на загаденост кои се во рамки на утврдените параметри.
Споделувањето на податоци и знаења, како и обединувањето на напорите од разни чинители во проектот, кој е дел од програмата AQUA II, беа едногласно признати како клучни чекори на национално и на меѓународно ниво.
Ново на Сител
-

Сомнежи за труење во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”, 20-тина деца и наставник побарале лекарска помош
-

Од утре Владата очекува поевтин дизел за 6,5 денари и бензин за 1,5 денар по литар
-

СДСМ: Народот секој ден живее полошо, а мерки од Владата нема
-

Филипче: Преговорите за ЕУ зависат само од власта
-

Николоски: Првите километри од автопатот Прилеп-Битола готови следната пролет, за еден месец меѓуградски воз помеѓу двата града
-

Еколошката „бомба“ кај Пробиштип конечно ќе се санира
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Воислав Димитровски, директор на „Лајка“
