Гевгеличани пијат квалитетна и здрава вода од новиот водоснабдителен систем
Последниот извештај од здравствената безбедност на водата за пиење во Гевгелија, направен по извршената анализа на 25. минатиот месец од страна на Институтот за јавно здравје, покажува дека гевгеличани конечно пијат квалитетна и здрава вода од новиот водоснабдителен систем кој беше пуштен во употреба пред два месеца.
Извршената анализа на водата од бунарите во месноста ,,Мрзенска ада“, на која беа подложени 22 хемиски показатели, потврди дека не е најден арсен во водата од новите бунари кај Вардар, односно во графата за арсен стои ознака н.д,, што значи дека арсенот воопшто не е детектиран во анализираниот примерок.
Според стручното мислење на проф. д-р Михаил Корчубовски, испитаниот примерок на вода за пиење одговара на законските и стручни прописи во однос на испитаните параметри за физичко хемиска анализа и дека со редовна дезинфекција водата може да се користи за пиење.
Од јавното комунално претпријатие во Гевгелија изразија задоволство што конечно се затвора прашањето за квалитетот и безбедносниот карактер на водата за пиење во Гевгелија и населените места во општината до кои се испорачува преку регионалниот водовод и дека присуството на арсенот во водата што ја пијат гевгеличани веќе е минато.
Ново на Сител
-
АСО: Неоправдано е поскапувањето на полисите
-
Со лажен сертификат за англиски јазик аплицирала за директорка и добила работа, сега ќе одговара кривично
-
Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети
-
Учениците од понеделник на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
СПМ: Вториот круг претседателски избори ќе базира на резултатите од првиот
-
Мицотакис: Грција нема да испрати во Украина системи С-300, ниту „Патриот“
-
Столтенберг: Украина и натаму може да ја добие војната против Русија
-
Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран